Вкупниот промет на берзата во октомври годинава споредено со претходниот месец, се зголемил за 4,6%.
Според податоците кои ги објави македонската берза за периодот 01.10 – 31.10.2020 година вкупниот промет изнесувал 427.260.792 денари и е зголемен за 4,61 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 334.843.767 денари и е намалено во однос на септември за 13,13 отсто кога изнесувало 385.467.468 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 333.840.854 денари и обврзници во вредност од 1.002.913 денари.
Компаниите кои котираат на берза вредат минимално помалку од претходниот месец односно вкупната пазарна капитализација се намалила за 0,77 проценти.
Блок трансакциите во октомври изнесувале 92.417.025 денари и се зголемени за 302,58 отсто во однос на септември.
Најдобар перформанс имаат неколку компании кои континуирано се на врвот – Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, НЛБ Банка и Гранит.
Бројот на трансакции во октомври изнесувал 1.376 и е намален за 21,01 отсто во однос на септември кога изнесувал 1.742.
Месечниот статистички билтен за октомври 2020 година можете да го погледнете тука.