ПОВЕЌЕ

    Поради мала побарувачка, Епл ќе го намали планираното производство на iPhone за 20%

    Време зa читање: 2 минути

    Американски технолошки гигант „Епл“ ќе го намали планираното производство на сите iPhone телефони за околу 20 проценти во првата половина од годинава, спротивно на планот на компанијата објавен во декември, поради малата побарувачка, објави во средата весникот „Никеи“, повикувајќи се на извори запознати со ова прашање.

    Според весникот, американската компанија им соопшти на добавувачите кон крајот на минатата година да обезбедат компоненти и делови за до 96 милиони паметни телефони, вклучувајќи ги и целата серија iPhone 12, iPhone 11 и iPhone SE, во првите шест месеци од 2021 година. Сега, според најновиот план, Епл има намера да произведе околу 75 милиони единици.

    Сепак, компанијата им соопшти на добавувачите дека сè уште планира да произведе 230 милиони iPhone телефони во 2021 година, што е за 11 проценти повеќе отколку во 2020 година, додава весникот.

    „Оваа година сè уште не е лоша, но секако побарувачката во првата половина на 2021 година не е толку голема како што предвидуваа луѓето на крајот од минатата година“, изјави изворот за „Никеи“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично