ПОВЕЌЕ

    Подарени акции на Гранит во вредност од над 314 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во нетрговските трансфери реализирани во текот на минатата недела забележани се 11.374 акции. Сите – обични. И, речиси сите, односно 89,95 проценти, се на Гранит. Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се регистрирани преноси на хартии од вредност издадени од уште седум котирани друштва.

    Акциите на градежното друштво, вкупно 10.226, се подарувани, наследувани… во првите два дена од работната седмица. Во понеделникот 221 и во вторникот – 10.005 обични акции. Дента кога е трансферирана помалата количина, просечната цена за акција на Гранит била 1.880 денари, утредента 1.884,86, за на крајот од неделата да се заокружи на 1.890 денари. Пресметано по тој износ, сите овие акции имаат вредност од над 314 илјади евра.

    Сопственоста кај акциите на Алкалоид, вкупно 500, е пренесувана во четвртокот 20 и во петокот 480. Тогаш просекот на берзанската цена бил 28.847,76, односно 28.390,37 денари.

    И акциите на Комерцијална банка се појавуваат на двапати. Прво се трансферирани 20, а потоа уште 286 обични акции. Неделата ја завршила со ценовен просек од 28.697,22 денари.

    Податоците објавени на Македонска берза покажуваат дека се трансферирани и 180 обични акции на Триглав осигурување АД Скопје. Со нив подолго време не е извршено тргување, а вредноста за акција е 7.838 денари.

    Во нетрговските трансфери се евидентирани и 80 обични акции на НЛБ банка и 70 на Ангропромет-Тиквешанка АД Кавадарци. Исто така, и 9 издадени од Витаминка АД Прилеп, како и 3 обични акции од УНИ банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично