ПОВЕЌЕ

    ПОБЕДНИЧКИОТ ТИМ НЕ СЕ МЕНУВА: Војновиќ реизбран за главен извршен директор на „Триглав Осигурување„

    Време зa читање: 2 минути

    Ѓорѓе Војновиќ продолжува да ја врши функцијата главен извршен директор на „Триглав Осигурување“ АД Скопје. Новиот четиригодишен мандат го доби откако беше реизбран од страна на Собранието на акционери, информираат од компанијата преку ценовно чувствителна информација објавена на Македонска берза.

    „Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД, Скопје на 61-та седница, одржана на 14.07.2023 година, го реизбра г-дин Ѓорѓе Војновиќ за член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје со мандат од 4 години“, се наведува во објавата.

    Претходно, Одборот на директори, како што пишува, на 201-та одржана седница одржана на 14 јули годинава, го назначил Војновиќ за извршен член на Одборот на директори – главен извршен директор.

    „Oдлуката влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се применува од денот на добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување. На ден 20.09.2023 година Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение со број УП 14-2-1030, со кое што се издава согласност за г-дин Ѓорѓе Војновиќ за вршење на функцијата член на орган на управување во друштво за осигурување. Одборот на директори на Друштвото на својата 206-та седница, одржана на 28.09.2023 година, даде согласност за склучување на Договор за работа на извршниот член на Одборот на директори“, информираат од „Триглав Осигурување“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично