ПОВЕЌЕ

    Ова се платите на вработените и советниците во кабинетот на Заев

    Време зa читање: 2 минути

    Објавени се нето-платите на вработените во канцеларијата на премиерот Зоран Заев, како и на надворешните соработници.

    Како што најави, Владата на својата интернет-страница, започна со објавување на нето-платите на вработените во канцеларијата на премиерот Зоран Заев, како и на надворешните соработници.

    Засега, на листата објавени се платите само за 23 вработени советници во канцеларијата кај премиерот, а со највисока плата е поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој како советник за национална безбедност добива 74.618 денари нето плата. По него следат Виктор Андонов советник за енергетика и Милан Живковиќ советник за труд и социјална политика со нето плата од 60.546 денари.  Останатите вработени добиваат 55.268 денари.

    Кај надворешните соработници се формира нова листа, бидејќи на претходните им истече важноста договорот во 2019 и 2020. Засега има само четворица, а најплатена е Нина Фити-Неделковска, со 50.000 денари нето приход.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично