ПОВЕЌЕ

    Дали нашата плата има поврзаност со нашата вредност?

    Време зa читање: 2 минути

    Голем причинител за нашата анкциозност е дека ние сме вредни колку што заработуваме. Со ваков склоп на размисливање комуницираме и многу повеќе. Комуницираме со самите себеси, и со другите, дека нашата заработка е во директна корелација со нашиот карактер, нашата интелигенција.

    На кратко, парите, во овој случај се главниот индикатор за вредноста на нашата човечност, не само финансиски изразено. Колку повеќе заработуваме, толку повеќе заслужуваме да постоиме. Исто така, според тој склоп на размислување станува речиси невозможно да се замислиме да бидеме добри и пристојни а сиромашни. Но дали е ова целото вистина? Дали може да биде вистина. 

    Само после малку анализирање можете и сами да сфатите дека висината на платите не се детерминирани од тоа колку вредите, или па можеби, колку придонесувате во општеството. 

    Висината на платата е едноставно резултат на интензитетот со кој одредени луѓе сакаат некоја работа да се заврши релативно со бројот на луѓето кои можат да ја завршат таа работа. Колку и да е битна работата, доколку голем број на луѓе можат да ја завршат, малку пари ќе бидат понудени за тоа.

    Ако само малку луѓе можат да направат нешто, како на пример, да дадат гол од далеку во момент кога е тоа битно за натпреварот, и во околности кога многу луѓе сакаат тоа да го видат, платата ќе биде подигната.

    Од тука можеме да разбереме дека парите не се никаков индикатор за вредноста на човекот. Неможеме да смениме како и колку луѓето заработуваат, но можеме да ги смениме нашите перцепции и како гледаме на тие што заработуваат малку или многу. Можеме да го смениме нашиот однос и мислењето што го имаме кога некој, или можеби ние самите заработуваме пристојно и доволно. 

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично