ПОВЕЌЕ

    ПИЦА ИНФЛАЦИЈА: Во Хрватска лани популарниот специјалитет бил меѓу поскапите во ЕУ, само во Холандија поефтинил

    Време зa читање: 2 минути

    Со месеци се зборува дека инфлацијата почнува да забавува и дека трендовите се се попозитивни, а најновите податоци на Еуростат покажуваат дека тоа се одразило и на едно од најпопуларните јадења во светот – пицата. Ценовната инфлација на овој производ се намалува – во декември 2023 година европскиот просек изнесувал 5,9 отсто.

    Стапката на инфлација во категоријата што ги вклучува пиците и кишот расте од февруари минатата година, кога достигна рекорден пораст од 18,1 отсто на годишно ниво. После тоа, поскапувањето беше се помалку секој месец.

    Кога се гледаат податоците за Хрватска, трендовите се малку поинакви. Највисока стапка на инфлација во оваа категорија е забележана во јуни, кога изнесувала дури 30 отсто. Тоа беше исто така многу високо во август (29,9 проценти), април (28,6 проценти) и декември 2022 година (28,2 проценти). Тоа значи дека цените почнаа да растат многу подоцна од просекот на Европската унија. Во последниот месец од минатата година цените на популарното италијанско јадење во Хрватска беа за 9 отсто повисоки во однос на истиот месец од претходната година.

    Меѓу земјите на ЕУ, највисока годишна инфлација за пица и киш во декември 2023 година е забележана во Унгарија (13,4 отсто), Луксембург (11,3 отсто) и Латвија (10,6 отсто).

    На другиот крај од скалата е Холандија, која е единствената земја каде што цената паднала за 0,9 отсто. Најмал пораст е забележан во Данска (0,6 отсто) и Белгија (1 отсто). Хрватска е земја со шести најголем пораст на цените на пицата и кишот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично