ПОВЕЌЕ

    Pfizer има проблеми со транспорт на вакцините. Нивните акции потонаа

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акциите на Pfizer потонаа за 3,1 процент откако објавија проблеми со транспортот на вакцината.

    Лошите вести за Pfizer ги влошија расположенијата на пазарот, па затоа индексите на Волстрит по првичниот пораст сепак завршија со црвено.

    Pfizer и BioNTech се надеваа дека ќе дистрибуираат 100 милиони вакцини ширум светот до крајот на 2020 година; планот сега е намален на 50 милиони. Компанијата сè уште очекува да издаде повеќе од милијарда дози во 2021 година.

    „Зголемувањето на синџирот на снабдување со суровини траеше подолго отколку што се очекуваше“, изјави за Dow Jones портпаролката на компанијата.

    Американската администрација за храна и лекови (ФДА) закажа состанок со советничката комисија за 17 декември на кој ќе се разговара за барањето на Модерна и одобрувањето на вакцината Pfizer и BioNTech.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично