ПОВЕЌЕ

    ПЕТАР ТОДОРОВСКИ ВО NEW BIZ PODCAST: Како претприемачи од целиот свет можат да основаат компанија во САД и легално да работат без да отидат таму

    Време зa читање: 7 минути

    Дали размислуваш за проширување на својот бизнис надвор од границите? Што ако можеш да регистрираш компанија во САД, без притоа воопшто да не одиш таму? Во оваа епизода на New Biz Podcast, Наташа Велковска разговараше со Петар Тодоровски, основачот на Neubase, за тоа како претприемачи, фриленсери и старт-апи од целиот свет можат да основаат компанија во САД и легално да работат на глобалниот пазар.​

    Петар го споделува своето лично искуство, бидејќи овој пат тој го поминал сам пред да ја основа Neubase – компанија која им помага на бизнисите безбедно и брзо да воспостават операции во САД. Од правни регулативи и даночни обврски, до банкарски решенија и стратегии за долгорочен раст – оваа епизода е полна со корисни совети и реални примери. ​

    На прашањето што го натера Тодоровски да влезе во еден бизнис што ги спојува правото, технологијата и онлајн-бизнисот, тој вели дека го интересирале и право и претприемништво и технологиите.

    „Тоа што ме натера конкретно да влезам баш во ваков тип на бизнис, е тоа што ја веќе еднаш го имам изодено целиот тој пат. Работев фриленс порано и за да можам да работам на тој начин и да примам исплати од странски клиенти, имав основана компанија во Америка крајот на 2020 година, а потоа со тек на време сфатив дека постои побарувачка кај сето тоа. Првенствено мислев дека побарувачката ќе биде само кај фриленсерите од Балканот, што се сочуваме со сличен тип на проблеми, меѓутоа сега се испостави дека е поинаку. Сега го водиме бизнисот, ги таргетираме претприемачите на светско ниво кои што сакаат да направат експанзија на американски пазар и на глобален пазар“, објаснува Тодоровски.

    Neubase е компанија која формира компании во Америка. Кога некој клиент ќе дојде кај нив, тие прво ја формираме компанијата, ги правиме сите работи коишто се неопходни за таа компанија да почне со работа.

    „Вадиме даночен број и помагаме при аплицирањето за сметка во банка, тука се работи за онлајн банки, нема такви во Македонија во моментов. Потоа се грижиме и за целата понатамошна усогласеност со законите, да они можат да работат без притоа да се грижат дали исполнуват некоја обврска која ќе ја имаат – ова е за луѓе коишто не живеат во САД. Во моментов сме фокусирани исклучиво на луѓе коишто сакаат фирма во САД без да живеат таму и да не се таму државјани или да имаат зелена карта“, потенцира Тодоровски.

    Тој вели дека порано било неопходно дас е отиде диретно таму заради отворање на сметка во банка, да се седне со некој банкар, да се пополнат сите образци, да се аплицира и да се одобри сметка. Сега, во последните години, тоа е сменето заради пробивот на таканаречените необанки или онлајн банки, Mercury и Brex ја смениле играта.

    „Тоа во суштина не се банки, тоа се финтек компании, кои што користат услуги на вистинска традиционална банка. И таа вистинска традиционална банка на нив им дава услуга, им ја дава целата платна инфраструктура на располагање, они ја користат нивната лиценца, така што може на далечина да се отвори сметка ва банка и фирмата практично да многу бргу, без да се патува било каде, да стане оперативна“, истакнува Тодоровски.

    Нивното искуството покажало дека најголем мотив за претприемачот каде било од светот да направат компанија таму е пристап до американскиот пазар.

    „Ние прво ја имавме балканската перспектива, мислевме дека тоа ќе биде пристап до платежни процесори, дека тоа ќе биде можност со 0% од данок практично да се помине годината. Меѓу тоа се испостави дека пристапот до американскиот пазар е мотив број 1 за они да ја формираат компанијата, затоа што кај нас доаѓаат и луѓе кои што имаат веќе разработени бизниси во други држави и кои што имаат некој клиент од Америка кој што потоа им вели да направат фирма во Америка, бидејќи сакаат да платат на американска сметка и сакаат таа компанија да работи согласно американски закони под Американска јурисдикција. Тоа е мотивот број 1. На пример, има клиент од Дубаи каде што имаат сјајна бизнис клима, сјајен банкарски систем, направија фирма во Америка, затоа што клиент којшто многу им плаќаше побара да се префалат таму со операција и за него“, раскажува Тодоровски.

    Како што вели тој сега за сега доминираат најмногу дигитални агенции во однос на фирмите. Тоа се компании кои што даваат услуги, што главно се компании кои што се занимаваат со дигитален маркетинг, услуги од таа област, продажба, развој на софтвер. „Имаме сега многу од Балканот компании кои што работат во транспортна индустрија. Има и комерц бизниси кои што имаат потреба да настапат на американски пазари. Малку поретко се јавуваат софтверски бизниси“, вели Тодоровски.

    Тој го објаснува чекор по чекор процесот за содавање и отворање фирма во Америка – прво, Тодоровски вели дека се разговара за тоа колку е неопходно да се отвори фирма таму и да се процени колку ќе биде лесно, и во однос на отворањето на сметка во банка. Затоа што без сметката во банка, фирмата е нефункционална, бескорисна.

    „За да имаш таму сметка, потребно е на бизнисот да има некаква врска со американски пазари. Банките секогаш прашуваат дали таму ќе имате потрошувачи, дали ќе имате инвеститори, вработени или добавувачи. И дури и на почеток да им кажеме дека сега немаме, пошто сега почнуваме со бизнисот, но во наредни шест месец ќе имаме, после шест месец можат да дојдат и да побараат фактура или договор со американски клиент и доколку немаш, ќе ти ги замрзнат средствата“, појаснува Тодоровски.

    Понатаму, тој додава дека простории не требаат. Фирмата може да користи адресата на регистрационен агент, тој е човек или фирма кој што е присутен на територијата на Сојузната држава каде што се формира компанијата.

    „Ние работиме главно во Вајоминг. После тоа се аплицира за даночниот број на компанијата. Кога ќе се добие тој број, веќе може да се аплицира за сметка во банка.

    Даночниот број е чекор кој ќе трае малку подолго. Обично се чека околу 20 до 30 дена, освен за луѓето кои успеале во минатото по некој основ да земат social security број на Америка, дали биле таму на работа или студирале, они го добиваат за еден ден“, вели Тодоровски.

    Инаку, како што додава тој, Вајоминг почна да добива повеќе на популарност, меѓутоа тоа е повеќе на сугестија на регистрационни агенти, на адвокати. Тодоровски вели дека Вајоминг е многу едноставен, евтин, и многу брзо работат.

    „Има повеќе држави кои што се преферирани, освен Вајоминг, тука е Делавер. Делавер е популарна заради тоа што многу Fortune 500 компании се таму регистрирани. Таму се регистрирани затоа што они се акционирски друштва и законодавството – акционирските друштва е многу поволно таму за нив. Имаат еден суд кој што е специјализиран за економски спорови, каде што многу брзо и многу ефекасно ги решаваат. Тоа е битната преференца. Другата битна преференца за Делавер е што малку ги фаворизираат инвеститорите, акционерите во претпријатијата. Сега во последно време почнаа да прашуваат за Тексас, затоа што Илон Маск им кажува дека е Тексас е битен, иако Тексас нема никаква предност пред другите“, раскажува Тодоровски.

    Според него, најтешко за отворање фирма се Калифорнија, Њујорк и Невада, и многу се скапи. Имаат, како што вели, многу дополнителна бирократија којашто е непотребна. И ако не е некој со живеалиште таму, тогаш нема потреба од отворање фирма баш во овие три земји.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично