ПОВЕЌЕ

    Петар Андреевски стекна 20 нови акции од „Реплек“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Петар Андреевски, кој е член на Надзорниот одбор на „Реплек“ се стекнал со 20 акции, соопштија од скопската фармацевтска компанија. Во моментот, тој во своја сопственост има 50 акции, наведено е во информацијата објавена на Македонска берза.

    Инаку, Андреевски е главен извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент. А, првата акција на „Реплек“ ја купил во февруари минатата година.

    Оваа фармацевтска акција, според дневната берзанска листа од 20 мај, има просечна цена од 16.150 денари. Од декември е составен елемент на индексот МБИ10.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично