ПОВЕЌЕ

    МАПАС и пензиските друштва спроведоа уште една успешна волонтерска акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Уште еден четврток, уште една успешна волонтерска акција под мотото: „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош“ во организација на МАПАС Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и пензиските друштва.

    Доколку сте пензионер или познавате пензионер кому му треба помош во обезбедување на секојдневните намирници, секој работен ден, од 09:00 до 17ч, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 11 800.

    Обезбедувањето на намирниците за пријавените пензионери во рамките на акцијата се одвива секој четврток, до 15ти декември, во општините во Скопје. Услугата е бесплатна и при доставата треба да се покријат само трошоците за набавените продукти.

    Повеќе фотографии од волонтерската акција на следниот линк  [ линк ]

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично