Во јули годинава имало 231 пензионери со пензија над 51.000 денари. 34 пензионери го земале највисокиот износ од 53.691 денари, покажуваат последните податоцин на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.301 пензионер во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592 до 53.691 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 916 се со пензија од 41.244 денари.
Вкупниот број на пензионери пак се искачил на 324.893 лица додека просечната пензија во јули изнесувала 15.412 денари.
Најнизок износ на пензија земале 77.171 пензионери, од кои 58.323 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 18.848 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997- 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 10.179 денари до 11.359 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.
Само во месец јули имало нови 1.928 пениоери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.317 а остатокот жени и најголем дел, 1.449 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 1.381 починати пензионери, од кои 1153 биле мажи.
Податоците покажуваат дека од 324.893 пензионери најмногу 323.630 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.129 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 134 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.
Т.Д