ПОВЕЌЕ

    Семејна пензија – исполнување на општи и посебни услови

    Време зa читање: 5 минути

    Членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија по исполнување на општите и посебни услови.

    Општи услови за стекнување право на семејна пензија:

    • Ако осигуреникот од кого се изведува правото на семејна пензија до денот на смртта наполнил најмалку 5 години стаж на осигурување или најмалку 10 години пензиски стаж, или ако осигуреникот ги исполнува условите за стекнување право на старосна или инвалидска пензија, или бил корисник на старосна или инвалидска пензија.
    • Ако смртта на осигуреникот настанала како последица од повреда на работа или од професионална болест, членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија, без оглед на должината на пензискиот стаж на осигурениикот.

    Посебни услови за остварување право на семејна пензија:

    Вдовица стекнува право на семејна пензија во случај на смрт на брачниот другар ако:

    • До смртта на осигуреникот (корисникот на пензија) наполнила 50 години живот;
    • До смртта на брачниот другар била неспособна за работа или таква неспособност настанала во рок од 1 година од денот на смртта на брачниот другар;
    • По смртта на брачниот другар останале едно или повеќе деца кои имаат право на семејна пензија по тој брачен другар, а вдовицата ги врши родителските должности спрема тие деца;
    • До смртта на брачниот другар имала наполнети 45 години, кога ќе наполни 50 години живот или ако во тие години станала неспособна за работа.
    • Вдовицата која во текот на користењето на правото по основ на вршење на родителска должност стане неспособна или наполни 50 години живот, трајно го задржува правото на семејна пензија.
    • Вдовицата која го загубила правото на семејна пензија по основ на вршење на родителска должност по наполнети 45 години живот, стекнува право на семејна пензија кога ќе наполни 50 години живот.

    Покрај овие услови право на семејна пензија стекнува и вдовица:

    • Кога детето на осигуреникот, односно корисникот на пензија е родено по смртта на осигуреникот, односно на корисникот на пензија;
    • Кај која постоела бременост на денот на смртта на осигуреникот, односно на корисникот на пензија и во овој случај семејната пензија до раѓањето на детето се определува за еден член на семејството;
    • Ако е детето мртво родено или ако умре пред навршување на 45 дена живот, на вдовицата и припаѓа семејна пензија за истекот на 45 дена по породувањето.

    Вдовец остварува право на семејна на пензија под следните услови:

    • До смртта на брачната другарка да наполнил 55 години живот;
    • До смртта на брачната другарка да бил неспособен за работа или таквата неспособност да настанала во рок од 1 година до денот на смртта на брачнта другарка;
    • По смртта на брачната другарка останало едно или повеќе деца кои имаат право на семејна пензија по таа брачна другарка, а вдовецот да ги врши родителските должности спрема тие деца;
    • До смртта на брачната другарка имал наполнети 50 години, кога ќе наполни 55 години живот или ако тие години станал неспособен за работа.
    • Вдовецот кој во текот на користењето на правото по основа на родителска должност стане неспособен за работа, или наполни 55 години живот трајно го задржува правото на семејна пензија.
    • Вдовецот кој го загубил правото на семејна пензија по основ на вршење на родителска дејност, по наполнети 50 години живот, стекнува право на семејна пензија кога ќе наполни 55 години живот.

    Дете стекнува право на семејна пензија:

    До наполнети 15 години живот, а ако е на школување до наполнети 26 години живот или ако пред смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија кој го издржувал било неспособно за работа или таквата несопсобност настанала во рок од 1 година од денот на смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија.
    Ако школувањето на детето е прекинато поради болест, правото на семејна пензија може да се стекне, односно му припаѓа и за време на боледувањето до наполнети 26 години живот, како и над тие години, но најмногу за толку време колку што е изгубено од редовното школување поради болест.
    На детето кое го прекинало школувањето заради отслужување на воениот рок, семејната пензија му се исплатува и за тоа време.
    Ако во текот на користењето на правото на семејна пензија детето стане неспособно за работа, трајно го задржува правото на семејна пензија.
    Детето-инвалид има право на семејна пензија по престанок на работниот однос.
    Како неспособност за работа, врз основа на која се остварува правото на семејна пензија кај децата се смета несособност за самостоен живот и работа.

    Како дете на школување се смета ученикот во основно училиште, училиште за средно образование, студент на високообразовна организација или на постдипломски студии, додека имаат статус на ученици, односно студенти на соодветни образовни институции до навршување на 26 години живот.

    Со овој закон се врши појаснување на статусот – дете на школување

    Како дете на школување се смета ученикот во основно и средно образование, стручно односно работно оспособување, студент на високообразовна установа и лицето на постдипломски студии, додека имаат статус на ученик односно студент според Статутот на воспитно–образовната институција до навршување на 26 години живот.
    Со овој закон е уредено дека по извршениот избор осигуреникот нема право на повторен избор која одредба започнува да се применува осмиот ден од денот на објавувањето во „Сл. весник“ на РМ.

    Покрај наведените категории осигуреници, право на семејна пензија стекнува и родителот кога осигуреникот, односно корисникот на пензија го издржувал до својата смрт, се стекнува со право на семејна пензија ако:

    До смртта на осигуреникот, односно на корисникот на пензијата наполнил 55 години живот и е помлад од 55 години.

    Прочитајте и за: СТАРОСНА ПЕНЗИЈА-Пресметка и проценти

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично