ПОВЕЌЕ

    Што содржи зелениот плик на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус и зошто е важен за вас?

    Време зa читање: 2 минути

    Најдоцна до 31 март секој година Сава пензиско друштво доставува годишни извештаи во препознатливиот Зелен плик или на електронските адреси на членовите и пензионираните членови на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус,

    Што содржи зелениот плик и зошто е важен за вас?

    • Годишен извештај за пензиска заштеда
    • Информација за принос, надоместоци и портфолио на пензискиот фонд
    • Други важни информации

    Годишниот извештај ги содржи сите информации поврзани со вашата пензиска заштеда:

    • Број на сметководствени единици (удели) кои ги поседувате во пензискиот фонд.
    • Вредност на една сметководствена едница (удел).
    • Состојба на пензиска заштеда со состојба 31.12.2020 година.
    • Преглед и опис на сите трансакции во годината
    • Корисничко име и лозинка за најава на вашата лична сметка или мобилната апликација Сава пензиско план.

    За едноставно инсталирање на мобилната апликација Сава пензиско план во годишниот извештај имате QR код со чие скенирање веднаш ќе имате пристап до локација од каде можете да ја инсталирате апликацијата.

    Никогаш сами со Сава пензиско друштво.

    Дел од Сава осигурителна групација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично