ПОВЕЌЕ

    Имаме 22 пензионери кои уживаат пензија од 53.000 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Во јуни годинава имало 219 пензионери со пензија над 51.000 денари. 22 пензионери го земале највисокиот износ од 53.371 денари, покажуваат последните податоцин на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.292 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.356 до 53.371 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 917 се со пензија од 40.998 денари.

    Вкупниот број на пензионери пак се искачил на 325.794 лица додека просечната пензија во јуни изнесувала 15.356 денари.

    Најнизок износ на пензија земале 76.810 пензионери, од кои 57.756 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 19.054 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997- 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 10.179 денари до 11.359 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

    Податоците на Фондот за пензиско за јуни годинава покажуваат дека само во месец јуни имало нови 1.597 пениоери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.109 а остатокот жени и најголем дел, 1.218 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 1.186 починати пензионери, од кои 950 биле мажи.

    Податоците покажуваат дека од 325.794 пернзионери најмногу 324.518 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.140 стекналеправо на пензија како поранешни воени лица, а само 136 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

    Т.Д

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично