ПОВЕЌЕ

    Пентагон и Мајкрософт склучија договор вреден 10 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Мајкрософт обезбеди договор од 10 милијарди американски долари со Пентагон за компјутерски услуги на Cloud, и со тоа го престигна Амазон, кој исто така беше еден од кандидатите за постигнување договор.

    10-годишниот договор за „Заеднички проект за одбранбена инфраструктура“ (ЈЕДИ) (Joint Enterprise Defense Infrastructure), со кој Пентагон сака да ја обедини набавката на услуги на Cloud, има за цел да ги поврзе и да ги споделува информациите помеѓу повеќе сектори на војската во еден систем кој ќе може во реално време да ги пребарува со помош на вештачка интелигенција, пренесува Ројтерс.

    За ЈЕДИ се вели дека е дел од пошироката модернизација на системот за информатичка технологија во Пентагон, а покрај Microsoft и Amazon, Google, IBM, Oracle и Rean Cloud беа во трката за договорот, пренесува Танјуг.

    Google прв излезе од трката затоа што неговите вработени не сакаа компанијата да учествува во работна која вклучува војска, војување и технологија за убивање.

    Amazon се сметаше за главен фаворит, но Oracle и IBM се пожалија на условите и фрлија сомнеж на целиот проект, поради што судот на почетокот на април оваа година, го „замрзна“ проектот сè додека не беа разјаснети сите детали.

    Откако го назначи Марк Еспер за нов секретар за одбрана на САД, претседателот Доналд Трамп „се окоми“ на Амазон и неговиот основач Jеф Безос, кој е сопственик на Washington Post, и на крајот победи „гигантот од Редмонд“.

    Инаку, cloud computing е концепт кој нуди нов начин за пристап до лични податоци и апликации, кои веќе не се сместени на компјутер, туку во облак – што значи дека може да се пристапи до програми, записи и документација од повеќе уреди, во секое време и од различни локации.

    Извор: Bankar.rs

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично