ПОВЕЌЕ

    Парите од „солидарецот“ вклучени во антикризниот пакет за над 400 илјади граѓани

    Време зa читање: 2 минути

    Најновиот пакет антикризни мерки ќе опфати повеќе од 400 илјади граѓани од наранливите категории. За поддршка што им ја обезбедува државата ќе бидат искористени парите кои во државната каса се слејаа врз основа на солидарниот данок. Оваа еднократна давачка ја уплатиле најголемиот дел од компаниите, информираше вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој најави дека овие мерки утре ќе се најдат на владина седница.

    „Со новите мерки ќе бидат опфатени најранливите категории, пензионерите, учениците, студентите и самохраните родители, што значи дека тие ќе може да сметаат на поддршка во наредниот период. За оваа цел ќе бидат искористени средствата од солидарниот данок кои најголемиот дел од компаниите веќе ги уплатија. Според моите сознанија, остануваат уште дваесеттина компании кои не си ја завршиле обврската и нивните сметки се уште не се блокирани, наведе Битиќи.

    Инаку, предлог-законот со кој се обезбедува мерката за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, од Владата се усвои на почетокот од месецов. До крајот, пак, на годинава, за антикризните мерки се предвидени 75 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично