ПОВЕЌЕ

    5 идеи за да ги натерате вашите деца да заработат пари

    Време зa читање: 2 минути

    Некои родители мислат дека треба да имаат„ разговор за пари“ но многу е полесно и позабавно ако тоа го прават во контекст кога нешто вие правите. Така тие добиваат чувство на моќ и контрола и разбираат дека можат да ги направат сите тие работи во границите што сте ги поставиле за нив.

    На пример, можат да предложат некоја работа и тогаш да им кажете вие колку вреди тоа. Така учат и повеќе за концептот за пари (тие треба да бидат заработени и дека, “парите не растат на дрвa.”), и дека прво треба нешто добро или вредно или корисно да се направи за да се добијат пари. Секако дека има голема дебата за тоа колку рано и дали воопшто, треба да се наградуваат децата со пари, но доколку сметате дека тоа за нив може да биде корисно, или можеби сакате да видите како ќе се одрази, еве неколку примери:

    1. Да им дадете на децата одредена сума пари за да купат цвеќиња за време пазарање, и потоа да им дадете мал дел од кусурот.
    2. Неколку денари, секој пат кога сами ќе ги раскренат играчките
    3. Кога ќе го фрлат ѓубрето
    4. Кога сами да си забранат некоја работа што сакаат да ја прават а не е корисна за нив, како на пример гледање телевизија
    5. Дајте им 5 или 10 или повеќе денари кога одредено време ќе учат (или заедно ќе учите) англиски или математика.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично