ПОВЕЌЕ

    Пандемијата направи огромна дупка во буџетот на Австрија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Кризата предизвикана од коронавирусот направи огромна дупка во буџетот на Австрија, „тешка“ дури 22,5 милијарди евра.

    Минатата година приходите на државата паднаа за 8,4 проценти од јануари до декември, во споредба со 2019 година, а расходите се зголемија за дури 22 проценти.

    „Последиците од пандемијата ќе се чувствуваат долго време и во социјалниот и во економскиот живот и јасно се чувствуваат во буџетот. Кризата засега направи дупка од 22,5 милијарди евра “, рече министерот за финансии на Австрија, Гернот Блимел по повод извештајот за состојбата во буџетот за декември 2020 година.

    Тој рече дека тие изнесуваат 73,6 милијарди евра минатата година , а расходите се зголемија на 96,1 милијарди евра.

    Поради мерките за заклучување, Австрија е принудена да им помага на затворените гранки на економијата, кои не можат да остварат приход.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично