ПОВЕЌЕ

    Пандемија збриша 1,2 трилиони долари од светскиот БДП 

    Време зa читање: 2 минути

    Деструктивната криза на короната ќе предизвика драматичен економски пад во светот. За оваа година, се проценува загуба од светскиот БДП од 1,2 трилиони долари, изјави денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.

    Тоа е еднакво на вредноста на едногодишниот бруто домашен производ на еврозоната, рече Георгиева на онлајн конференцијата „Инфраструктура, инвестиции и Централна Европа.

    Таа изјави дека, Фондот сега ги проценува глобалните економски изгледи за 2020 година. Тие се нешто помалку мрачни отколку пред неколку месеци заради подобрите резултати од некои напредни економии отколку што се очекуваше, пред се Кина.

    „За земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЕ), пандемијата значи бришење на напредокот постигнат во последните три години, кога регионот постигна најдобри резултати во оваа деценија во однос на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста и подобрување на управувањето“, рече Георгиева.

    Според неа, регионот забележа просечен раст од 3,0 проценти во однос на реалниот доход, што влијаеше на намалувањето на јазот помеѓу ЦИЕ и 15-те западни членки на ЕУ.

    Таа додаде дека приходот по глава на жител во регионот на ЦИЕ достигна околу 55% ​​од приходот по глава на жител во 15-те западни земји на ЕУ.

    Шефот на ММФ, сепак, истакна дека сè уште постои голем јаз во инфраструктурата помеѓу 12-те земји вклучени во Иницијативата и преостанатите 15 членки на ЕУ во однос на капацитетот за производство на енергија, наведувајќи дека јазот е 50 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично