Новата дебитна картичка на Royal Mint со име Ratis, е најскапата картичка во светот изработена од 18-каратно злато.
Користењето таква картичка или купувањето на истата има и цена која има почетна цена од 18.750 британски фунти или речиси 22.000 евра.
Royal Mint соработуваше со Mastercard за да создаде картичка наменета за луѓе кои го ценат луксузот.
Придобивките се купување без ограничување и плаќање во странска валута без провизија.
Картичката нуди повеќе бенефиции, како што се посветени и персонализирани хотелски услуги и други придобивки од патувања, кои се дел од пакетот MasterCard World Elite Package.
Погледнете го промотивното видео подолу на линкот: