ПОВЕЌЕ

    Отворен конкурс за апликација за Best of South East- програма наменета за студентите од Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Со големо задоволство Охридска банка АД Скопје Ве известува дека отворен е повикот за Best of South East!

    Програмата Најдобар на Југоистокот – Штаермаркише Шпаркасе Групацијата ја реализира секоја година и е наменета за студентите од Република Северна Македонија. Со помош на оваа програма,  младите имаат можност да добијат стипендија и да се стекнат со меѓународно академско искуство на еден од најпрестижните универзитети во Австрија, како и работна пракса на која можат да стекнат корисни знаења и искуства потребни за нивниот понатамошен кариерен напредок.  

    Во продолжение се деталите како може да пристапите кон отворениот конкурс за пријава на Best of South East програмата за 2021/2022година:

    Економија и Право

    • Програма за пракса на максимум 10 студенти во Штаермеркише Шпаркасе
    • Партнер на оваа програма е Универзитетот во Грац (University of Graz)
    • Пријавите се отворени до 02.12.2020 година
    • Подетални информации на следниот линк

    Технички Факултет

    • Програма за пракса на максимум 2 студенти
    • Партнер на оваа програма е Техничкиот факултет од Грац
    • Пријавите се отворени до 01.12.2020 годинa
    • Подетални информации на следниот линк

    Геологија/Металургија

    • Програма за пракса на максимум 2 студенти
    • Пријавите се отворени до 21.12.2020 година
    • Подетални информации на следниот линк

    Музичка академија

    • Програма за пракса на максимум 2 студенти
    • Партнер на оваа програма е Универзитетот за музичка уметност при Грац
    • Пријавите се отворени до 15.03.2020 година
    • Подетални информации на следниот линк

    И покрај ситуацијата со пандемијата на КОВИД-19, превземени се сите мерки за заштита и сигурност за време на престојот на учесниците, како во Универзитетите, така и во Банкарските институции.

    Прифатете го предизвикот и апликацирајте! Едукацијата е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично