ПОВЕЌЕ

    Основачот на Патагонија ја донираше својата компанија, вредна 3 милијарди долари, за борба против климатските промени

    Време зa читање: 3 минути

    Основачот на Патагонија, Ивон Шуинард, неговата сопруга и двете возрасни деца ја отстапуваат сопственоста на производителот на облека што го започна пред околу 50 години, посветувајќи го целиот профит од компанијата на проекти и организации кои ќе ја заштитат дивата земја и биолошката разновидност и ќе се борат против климатската криза. Компанијата, според пишувањата на Њујорк Тајмс, денес вреди околу 3 милијарди долари.

    „МОРАМЕ ДА СТОРИМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЕКОЛОГИЈАТА“

    Во писмото за одлуката, објавено на веб-страницата на Патагонија во средата, Шуинард, пишувајќи за „преосмислување на капитализмот“, рече: „Иако правиме се од себе за да се справиме со еколошката криза, тоа не е доволно. Требаше да најдеме начин да вложиме повеќе пари во борбата против кризата, а истовремено да ги одржуваме непроменети вредностите на компанијата. Една опција беше да се продаде Патагонија и да се донираат сите пари. Но, не можевме да бидеме сигурни дека новиот сопственик ќе ги задржи нашите вредности или ќе го задржи нашиот тим од луѓе ширум светот вработен.

    Друг пат беше компанијата да се направи да биде јавна. Каква катастрофа ќе беше тоа. Дури и јавните компании со добри намери се под преголем притисок да создадат краткорочна добивка на сметка на долгорочната виталност и одговорност. За волја на вистината, немаше добри опции на располагање. Затоа, ние создадовме своја“.

    Акциите на приватната компанија сега ќе бидат во сопственост на труст фокусиран на климата и група на непрофитни организации, наречени Patagonia Purpose Trust и Holdfast Collective соодветно, се вели во соопштението на компанијата, истакнувајќи „секој долар што не се реинвестира назад во Патагонија, ќе бидат распределени како дивиденди за заштита на планетата“.

    Трустот ќе ги добие сите акции со право на глас, што е 2% од вкупниот број, и ќе го искористи за да создаде „потрајна правна структура за да ги зачува целта и вредностите на Патагонија“. Ќе го надгледуваат членовите на семејството и блиските советници. Holdfast Collective ги поседува сите акции без право на глас во Патагонија, што изнесува 98%.

    Патагонија очекува да генерира и донира околу 100 милиони долари годишно во зависност од здравјето на бизнисот. Компанијата сега продава нова и користена облека на отворено, опрема за активности на отворено како кампување, риболов и качување, како и храна и пијалоци направени од одржливи извори.

    ПАТАГОНИЈА ГО ПОДДРЖУВА ЕКО-АКТИВИЗМОТ ВО СВЕТОТ

    Како сертифицирана B-Corp и California Benefit Corporation, Патагонија веќе донира по еден процент од својата продажба секоја година на активисти од грасрут, и има намера да продолжи да го прави тоа. Помалку од 6.000 компании ширум светот се сертифицирани како бизниси на B-Corp. Тие треба да исполнат строги еколошки, социјални и управувачки стандарди и одредници поставени од B Labs за да добијат сертификат.

    Рајан Гелерт ќе продолжи да работи како извршен директор на Патагонија, а семејството Шуинард ќе остане во одборот на Патагонија по проширената филантропска стратегија на производителот на облека. Откако ги информираше своите вработени во средата за овој потег, компанијата ја ажурираше својата веб-страница за да наведе дека „Планетата Земја сега е нашиот единствен акционер“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично