ПОВЕЌЕ

    ОСИГУРУВАЊЕТО НАЈЕФИКАСНО ШТИТИ ОД НЕПРЕДВИДЕНИ ФИНАНСИСКИ ЗАГУБИ – Даниел Паришко, Раководител на сектор Прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер

    Време зa читање: 6 минути

    Традиционално на 1 ноември, Меѓународниот ден на осигурувањето, се потсетуваме на значењето на осигурувањето како иструмент кој не заштитува од непредвидени финансиски последици тогаш кога тоа ни е најпотребно. Ова го посочува Даниел Паришко, Раководител на сектор Прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

    „Осигурувањето претставува управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските загуби. Осигурувањето е пренос на ризикот од осигуреникот врз осигурително друштво, со плаќање на премија за осигурување. Тоа практично значи дека осигурувањето најефикасно штити од непредвидени финансиски загуби и тоа во моментите кога тоа ни е најпотребно, затоа што всушност таквите загуби не биле ниту очекувани, ниту планирани. Кога немате осигурување во таквите случаи сте препуштени сами на себе. Но, кога имате осигурување тогаш вие имате и парнер во тешките моменти. Тоа е клучната разлика.“-вели Паришко.

    Осигурителниот пазар во Македонија бележи позитивен тренд на пораст, вели тој, појаснувајќи дека растот се должи на два фактори. Првиот е растот на свеста на граѓаните за предностите и бенефитите кои ги носи поседувањето на  полиса за осигурување, додека втор фактор е богатата понуда на доброволните видови осигурување, покрај задолжителното осигурувања како што е автоодговорноста.

    „Се подинамичното живеење секако носи и бројни ризици во различни области од секојдневното делување на човекот. Неговата желба да се заштити и свеста дека на најдобар начин тоа може да го направи преку осигурување се пресликува во се поголемиот интерес на граѓаните да се осигураат и со тоа да бидат поспокојни дека во моментите кога ќе се случат непредвидени финансиски загуби тие нема да бидат сами и нема сами да го поднесат финасискиот товар.“-вели Паришко.

    Посочува дека предноста од обезбедувањето на полиса за осигурување од Осигурителен Брокер АД Битола е во тоа што компанијата ги нуди сите типови на осигурување од сите осигурителени компании во државата на едно место.

    „Знаеме дека времето е скапоцен ресурс, особено за секој динамичен деловен човек со бројни обврски и на приватен и на професионален план. Во случајот со СН Осигурителен брокер АД Битола не мора да губите време да одите од една до друга осигурителна компанија, да ги споредувате условите и цените. Ние ги нудиме сите типови полиси од сите осигурителени компании. Доволно е само да направите консултација за вашите индивидуални потреби и во соработка со вас нашите брокери ќе ви помогнат да ја изберете вистинската полиса за вас. Тоа значи дека ќе биде избран пакет кој најдобро ќе ги задоволи вашите барања, а истовремено ќе биде избрана понуда која одговара на вашиот планиран буџет. И она што е најважно, таа консултација ја добивате сосема бесплатно. Услугата воопшто нема да влијае на подигнување на цената на полисата за осигурување, туку полисата ќе ја добиете по иста цена како и кога би отишле да ја купите во осигурителна компанија. Но, кај нас добивате професионална консултација која ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор согласно со вашите индивидуални потреби.“-вели Паришко.

    Додава дека за квалитетна и професионална услуга во СН Осигурителен Брокер е задолжен млад, динамичен и професионален кадар кој ги опслужува граѓаните во вкупно 43 подружници низ целата држава. „Нашиот тим се состои од лиценцирани брокери кои посветено работат на нашите клиенти да им понудат најоптимални решенија во поглед на сите типови на осигурување кои им се потребни. Над 130 вработени во нашите подружници низ државата се достапни за сите прашања и потреби на граѓаните. Ние сме максимално фокусирани на тоа да понудиме беспрекорна и професионална услуга и да ги заштитиме правата на осигурениците во секој поглед, од моментот на избор на полиса за осигурување па се до исплата на штета. Политиката за квалитет е составен дел од нашата мисија и визијата за раст и развој на СН Осигурителен Брокер АД Битола. Ние сме максимално посветени на  континуирано подобрување на квалитетот на нашата работа и унапредување на услугата која им ја нудиме на осигурениците.“-вели Паришко.

    Појаснува дека сите тековни понуди и акции граѓаните може да ги следат на веб страната на СН Осигурителен Брокер АД Битола www.snbroker.mk. За сите видови осигурување можат да се информираат и на телефонот 15 770.

    Од актуелната понуда Паришко ги издвојува пакетите:

    1. Детско осигурување со штедење –  пакет наменет за обезбедување на финансиска заштита на најмалите и штедење на средства за нивната иднина со осигурителна компонента за Договорувачот.
    2. Осигурувањето на живот со штедење е комбинација на штедење и осигурување во случај на смрт од болест или несреќен случај кое обезбедува:

    ✓ Покритие за 23 тешки болести

    ✓ исплата на загарантирана осигурена сума во случај на смрт на осигуреникот или

    ✓ исплата на осигурена сума за доживување во вид на поврат на вложени средства доколку осигуреникот доживее истек на полисата.

    ✓ Современ начин на обезбедување сигурност за Вашите најблиски, а воедно е гаранција за исплата на осигурена сума за доживување во вид на поврат на вложени средства по истекот на осигурителниот период.

    1. СН ДОМ – Домаќинско осигурување со најголем број на опфатени ризици:
    • Пожар на градежен објект и предмети во домакинство
    • Удар од гром,
    • Експлозија,
    • Луња,
    • Град,
    • Поплава од внатрешни инсталации вклучително и од трети лица, на прв ризик за граден објект и опремата паѓање на воздушни летала,
    • Удар од сопствено моторно возило во градежен објект,
    • Манифестација и демонстрација плус
    • Одговорност кон трети лица
    • Провална кражба и разбојништво
    • Кршење на стакло
    • Кршење на инсталации
    • Поплава, порој и високи води
    • Незгода – Траен инвалидитет на сите членови во семејството
    • Незгода – Смрт од незгода на сите членови во семејството
    • Приватна одговорност

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично