ПОВЕЌЕ

    Капитал Банка со нова иновативна услуга за сите штедачи – Орочување на депозит онлајн, без сметка во Капитал Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Отсега, штедењето во Капитал Банка достапно и од Вашиот дом!

    Капитал Банка АД Скопје, следејќи го трендот на модерното банкарство како и користење на финтек технологијата, Ви овозможува да отворите штеден влог без физичко присуство во банка, односно од каде и да се наоѓате, а притоа не е задолжително да имате отворено сметка во банката, да користите електронско банкарство или други продукти.

    Се што треба да направите е да се јавите во некоја од нашите експозитури, да одберете депозитен продукт со исплата на камата по доспевањето на депозитот и да имате пристап до интернет. Поради online постапката за отворање на депозит, потребно е средствата наменети за депозит да се уплатат безготовински од сопствената сметка во било која банка, на наменска сметка на Капитал Банка. Потпишувањето на документацијата e целосно дигитално преку Вашиот smart телефон, таблет или компјутер.

    Капитал Банка Ви овозможува да штедите сигурно и безбедно по исклучително поволни услови, а како најатрактивни во моментот ќе ги издвоиме:

    • Стандарден депозит во МКД на 6 месеци со 1.8% фиксна камата
    • Стандарден депозит во МКД на 12 месеци со 2.7% фиксна камата

    *Штедните влогови во Капитал Банка АД Скопје се осигурени во Фондот за осигурување на депозити со 100% до износи од 1.800.000 мкд!

    Комплетната понуда на депозити можете да ја погледнете овде.

    За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 500; или e-mail: [email protected] .

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично