ПОВЕЌЕ

    Важни информации од Охридска Банка за клиентите кои треба да ја подигнат домашната платежна картичка

    Време зa читање: 2 минути

    Во согласност со Одлуката на Владата за издавање на домашни платежни картички, ве известуваме дека Охридска банка АД Скопје ќе биде активно вклучена во процесот на издавање на картичките.

    Владата на Република Северна Македонија креираше наменска веб страница каде ќе може клиентите да направат проверка во која банка се распределениодносно од која банка ќе им биде издадена домашната платежна картичка.

    Важни аспекти на процесот на издавање на домашни платежни картички од Охридска банка АД Скопје

    Клиентите кои се распределени платежната картичка да ја подигнат од Охридска банка, потребно е да го имаат во предвид следното:

    • издавањето на картичките ќе се врши преку мрежата на експозитури на Банката
    • клиентите треба да се информираат во Банката од која експозитура треба да ја подигнат својата платежна картичка
    • информацијата од каде треба да ја подигнат картичката може да ја добијат на телефонскиот број на Контакт центарот на Банката 02 15 050, или пак во некоја од експозитурите на Банката
    • постојните клиенти на Банката, новата картичка ќе може да ја подигнат во својата матична експозитура
    • клиентите на кои Банката им отвори трансакциска сметка за оваа намена, информацијата за местото на подигнување на картичката може да ја добијат на телефонскиот број на Контакт центарот на Банката 02 15 050

    Сите дополнитени информации поврзани со издавањето на домашната платежна картичка, клиентите може да ги добијат на 02 15 050, или во експозитурите ширум земјата.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично