ПОВЕЌЕ

    Охридска банка започнува со исплата на финансиските средства од четвртиот пакет мерки за справување со последиците од ковид-19

    Време зa читање: 5 минути

    Ве известуваме дека Охридска банка АД Скопје ќе врши исплата на финансиски средства во форма на државна помош во висина од 6.000 денари на категориите на граѓани опфатени со четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19.

    Министерството за економја во рамки на Владата на Република Северна Македонија, ја ажурираше листата на граѓани кои се опфатени со овој пакет мерки и кои ги исполнуваат условите за добивање помош во висина од 6.000 денари за купување домашни производи.

    На наменската веб страница „Купувам домашно“, односно на  www.kupuvamdomasno.gov.mk веќе е достапна листата на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а кои се опфатени со овој пакет мерки.

    Важни аспекти на процесот на процесот на исплата на државната помош преку Охридска банка АД Скопје

    1.    Како граѓаните ќе ја добијат финансиската помош?

    На клиентите кои се распределени државната помош да ја добијат преку Охридска банка, средствата ќе им бидат исплатени на трансакциските сметки, при што:

    – на сите приматели на финансиска помош, кои се активни клиенти на Охридска банка, редовно работат со сметките и имаат ажурирани податоци во Банката и имаат платежна картичка, средствата ќе им бидат исплатени веднаш на трансакциска сметка, и истите може да ги користат преку своите платежни картички на ПОС терминали на продажни места или да ги подигнуваат на банкомати. Оваа група на клиенти нема да имаат можност да посетуваат експозитури за подигнување на средства од благајна;

    – на сите приматели на финансиска помош, кои се активни клиенти на Охридска банка, редовно работат со сметките и имаат ажурирани податоци во Банката, но немаат платежна картичка, средствата ќе им бидат исплатени веднаш на трансакциска сметка веднаш и истите ќе може да ги подигнат со посета на експозитура;

    – Доколку корисник на државна помош е малолетно лице кое, независно дали поседува или не поседува валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), неопходно е присуство на родител/старател кој треба да приложи Извод од матична книга на родени, со цел отварање на трансакциска сметка. 

    ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА  ПРИМАТЕЛТЕ НА ФИНАНСИСКА ПОМОШ КОИ НЕМААТ СМЕТКИ ВО ОХРИДСКА БАНКА, ИЛИ ИМААТ НЕАЖУРИРАНИ ПОДАТОЦИ

    Примателите на финансиска помош кои се распределени за исплата во Охридска банка, а кои немаат трансакциска сметка во Банката, потребно е да ја посетат најблиската експозитура на Банката и да отворат трансакциска сметка најдоцна до 25.12.2020 година. На оваа група клиенти средстата ќе им бидат исплатени по отварањето на сметката,;

    Примателите на финансиска помош кои имаат сметка во Охридска банка на која има блокада преку ЕРТС потребно е да ја посетат најблиската експозитура, најдоцна до 25.12.2020 година;

    Примателите на финансиска помош кои имаат сметка во Охридска банка но не ја користат известо време и немаат ажурирани податоци, потребно е да ја посетат најблиската експозитура на Банката за да ги ажурираат своите податоци најдоцна до 25.12.2020 година;

    Доколку клиентите не отворат сметки и / или не ги ажурираат своите податоци во Банката до 25.12.2020 нема да бидат во можност да го користат средствата од државната помош.

    Банката ќе стапи во контакт, преку СМС и Вибер со сите клиенти од кои има расположливи и валидни контакт податоци, со цел потсетување за навремено ажурирање на податоците.

    2. Исплата на државна помош во Охрид и Струга

    Исплатата на државната помош, како дел од четвртиот пакет мерки во градовите Охрид и Струга, за клиенти кои не поседуваат платежна картичка, ќе се врши според однапред дефиниран распоред, азбучен ред, со цел намалување на гужвите пред и во експозитурите и навремено завшување на целокупниот процес.

    План на исплата согласно првата буква од презимето на клиентот:

    • Од А до Д – средствата ќе се исплаќаат на ден: 22.12.2020
    • Од Ѓ до Л – средствата ќе се исплаќаат на ден: 23.12.2020
    • Од Љ до П – средствата ќе се исплаќаат на ден: 24.12.2020
    • Од Р до Ш – средствата ќе се исплаќаат на ден: 25.12.2020

    Клиентите кои немаат трансакциски сметки, средставата ќе ги добијат неколку дена по отварањето на сметките во експозитура.

    (Клиентите кои имаат дебитна картичка и ажурирани податоци во Банка, ќе може непречено да си располагаат со средствата без да посетуваат експозитура.

    3. Период на користење на финансиската поддршка

    Клиентите финансиската поддршка од државата, во висина од 6.000 денари може да ја користат од моментот на нивното префрлување на трансакциската сметка на клиентот. Владата на Република Северна Македонија не го ограничува периодот на користење на средствата

    4. Каде и за што може да се користи финансиската поддршка

    Владата на РСМ, предвидува дека финансиската поддршка од овој четврт пакет мерки може да користи за плаќање на македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на РСМ.

    5. Останати информации

    – За отварање трансакциска сметка во Охридска банка потребен е важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)

    – За ажурирање на лични податоципотребно е да ја посетите вашата матична експозитура со важечки документ за идентификација.

    – Сите останати информации поврзани со ислатата на државната помош, клиентите може да ги добијат на 02 15 050 (од 08.00 до 17.00 часот), во експозитурите ширум земјата, или пак на наменската веб страница www.kupuvamdomasno.gov.mk

    Со цел заштита на здравјето на граѓаните, при посета на експозитуруте на Охридска банка задолжително е почитување на протоколите за движење и задолжително е носење на заштитна маска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично