ПОВЕЌЕ

    „Охридска банка“ става во функција уште една експозитура во Охрид и го менува работното време на мрежата на екпозитури во Охрид

    Време зa читање: 4 минути

    Во време на пандемија кога општото здравје е пред се’, Охридска банка АД Скопје го променува работното време на своите експозитури во Охрид почнувајќи од 8Ми април, 2020 година, за да овозможи поголема достапност на своите услуги.

    Имено, од 8ми април (среда), 2020 год., експозитурите Централа и Минимаркет привремено ќе работат со работно време од 07:00ч. – 14:00ч, каде ќе бидат активни сите благајни, за да се услужат сите клиенти кои во моментов имаат потреба од банкарски услуги во Охрид.

    Со цел овозможување на безбедни услови и придржување до пропишаната социјална дистанца, Банката апелира до своите клиенти под 67 години да не ги посетуваат локациите на Банката меѓу 10 – 12 часот за да се овозможи полесен проток на групата на граѓани за кои во моментот има рестрикција на движењето, односно е дозволено да имаат движење токму во овој период.

    Воведени се сите безбедносни мерки за одржување на предвидената дистанца меѓу клиентите, поставени се ознаки, ангажирани се дополнителен број лица кои го регулираат движењето, а исто така на располагање на клиентите им стојат и средства за дезинфекција при посета на експозитурите.

    Со цел максимизирање на услугите во времетраењето на една посета, Банката апелира до своите клиенти при својата посета на експозитура да ги завршат сите свои обврски како на пример плаќање на сметки, уплати/исплати од благајна, подгинување на пензија и слично, затоа што евидентирано е дека се создава метеж поради повеќекратни посети на експозитурите од страна на еден клиент за вршење на поединечна услуга.

    Охридска банка потсетува дека на 24 март ја извести јавноста дека за сите клиенти – корисници на пензија, до 1ви април ќе биде предвремено исплатена мартовската пензија по распоредот објавен на веб-страницата на Банката.

    Во врска со одредени написи на интернет портали во кои се објавија наводи за недоставени картички како причина за метеж пред локациите на Банката, Охридска банка АД Скопје ги отфрла содржините како невистинити.

    Охридска банка ја информира јавноста дека дури и во моменти на пандемија, кога сите државни институции и реалниот сектор работат со намалени капацитети и мерки за заштита на вработените и граѓаните, Банката за краток период обезбеди можност за поштенска достава на обновени картички до своите клиенти, која е во тек , со цел да придонесе во мерките за намалено движење на клиентите во периодот на пандемија, истовремено водејќи сметка за безбедносните протоколи за достава на платежни картички и ПИН кодови.

    За дополнителна безбедност, Банката постојано апелира на користење на електронските канали за користење на банкарски услуги.

    Во градот Охрид, Охридска банка е достапна со пет банкомати (од кој еден со функција за уплата на средства) на Охридска банка и четири банкомати на Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето средства од дебитна картичка е без провизија, како и на сите банкомати на двете банки во земјата.

    На сите клиенти корисници на пакети за физички лица на располагање им стојат и две бесплатни повлекувања на средства месечно од сите банкомати на сите банки во земјата.

    Во насока на мотивирање на корисниците да ги намалат непотребните посети на експозитури, Охридска банка во март ги укина провизиите за денарските трансакции направени преку електронското и мобилното банкарство на Банката.

    Охридска банка останува традиционален партнер на градот Охрид со поддршка на бројни културни манифестации во градот и помагање на културната сцена како – спознор на Охридско лето, како поддржувач на младиот Марко Пејчиновски кој ја подигнува свеста за лицата со ректи болести. Исто така Банката во неколку наварати реализира донации на компјутерска опрема и мебел во училишта и јавни институции во градот. Таа е стабилен партнер сите граѓани преку понуда со релевантни европски институции со грантова програма на финансирање и секако како верен партнер на македонската економија преку финанзирање на развојот преку проектите на реалниот сектор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично