ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во ТТК Банка – работно место Брокер

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје објавува:

    ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

    БРОКЕР

    (1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)

    Потребни квалификации и способности

    (услови што се бараат за вршење на работата):

    • Завршено високо образование од областа на економијата, финансиите или деловното право;
    • Дозвола за работа на брокер (предност е поседување и дозвола за работа за инвестиционен советник). Работно искуство во струката исто така ќе се смета за предност;
    • Познавање на законската и на подзаконската регулатива од областа на работа со хартии од вредност;
    • Познавање англиски јазик и работа со компјутери;
    • Аналитичност, иницијативност, самостојност, ажурност, навременост;
    • Способност за тимска работа;
    • Комуникациски и организациски вештини;
    • Способност за идентификација на проблеми;
    • Професионално однесување;
    • Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола „Б“ категорија.

    Краток опис на работното место:

    • Тргување со хартии од вредност по налог и за сметка на клиенти и по налог и за сметка на Банката;
    • Работење со апликацијата на ЦДХВ – резервирање хартии од вредност и вршење нетрговски трансфер;
    • Анализа на финансискиот пазар и на потенцијалните клиенти.

    Работно време:

    40-часовно неделно работно време, од понеделник до петок, од 8:00 до 16:00 часот.

    Локација на работното место:

    Скопје, Централа на Банката

    Загарантирана почетна нетоплата:

    Минимална: 25.000,00 денари

    Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат

     Останати информации:

    Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо, копија од уверение за завршено образование и копија од дозвола за работа на брокер и/или копија од дозвола за работење за инвестиционен советник, најдоцна до 15.1.2021 година, со назнака: „Апликација за брокер“ на следната адреса за е-пошта: [email protected] или во тврда копија на адреса: ТТК Банка АД Скопје,  ул. „Народен Фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје.

     Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично