ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување Систем Администратор во Македонска берза

    Време зa читање: 2 минути

    Македонска берза е организирана како приватно акционерско друштво со учество на домашните и странски физички и правни лица во сопственоста на компанијата, при што доминантни акционери се неколку банки. Берзата веќе 25 години е единствен оператор на македонскиот пазар на хартии од вредност и има за мисија постојан развојот на овој сегмент од финансискиот пазар.
    Берзата располага и управува со развиен и хетероген ИТ систем преку којшто обезбедува транспарентен, безбеден, економичен и ефикасен пазар на хартии од вредност и испорака на највисок квалитет на услугите со цел да ги задоволи потребите на акционерските друштва, инвеститорите во хартии од вредност, брокерите и сите други стејкхолдери.
    Електронскиот систем за тргување со хартии од вредност што го обезбедува и одржува Берзата овозможува запознавање со карактеристиките и перформансите на развиените системи за берзанско работење во меѓународни рамки и нуди можност и предизвик за континуирана професионална надградба и следење на најновите технологии во оваа област.

    Опис на работата
    Македонска берза е во потрага по Систем Администратор за да се приклучи на нашиот ИТ тим со цел квалитетно одржување на функционалностите на информациските системи на Берзата.

    Систем Администратор 

    1. Познавање од 

    • конфигурација, администрација и поддршка на Windows Server на разни апликациски сервери, домен контролер, backup, анти-вирусната политика и file server.
    • конфигурирање на IIS.
    • виртуелизација на сервери со користење на VMWare
    • компјутерски мрежи вклучително и VPN
    • PaloAlto  и Cisco Firepower Management Center

    2. Елементарни познавања од 

    • конфигурирање на хардвер, изведување на хардверски и софтверски инсталации и надградби, решавање на проблемите со HW / SW и решавање на секојдневни системски проблеми.
    • MS SQL Server (select, insert, update, stored procedures).

    3. Креирање на техничка документација

    4. Познавање на англиски јазик.

    Покрај опишаните професионални предизвици нуди и стимулативни услови во поглед на плата.

    Доколку сакате да бидете дел од тимот, Вашата биографија (CV) пратете ја на следниов e-mail: [email protected]

    Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично