ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување

    Време зa читање: 2 минути

    Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување, со седиште на Ул.Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 02.06.2020 година објавува оглас за пополнување на следната работна позиција:

    РЕФЕРЕНТ ЗА ПРЕМИСКО КНИГОВОДСТВО

    ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

    • Евиденција на уплатите на сметките во благајните на Друштвото и распоредување според дозначената цел;
    • Вршење на уплати и исплати;
    • Контрола на навременоста на уплатата во благајната од страна на подружниците;
    • Објавување на дневната состојба на расположливите финансиски средства на Друштвото;
    • Соработување во усогласување на деловните книги со помошните евиденции и усогласување на аналитичките и синтетичките извештаи;
    • Контактирање со подружниците, продажните центри на Друштвото, застапниците и брокерите за појаснување и распределба на уплатите;
    • Останати активности по потреба на секторот за финансии.

    ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

    • Универзитетско образование – (Економија, Бизнис администрација ќе се смета за предност)
    • Познавање на работа со компјутер
    • Способност за тимска работа
    • Добра организација на време
    • Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи

    УСЛОВИ: 

    • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време од 40 часа неделно
    • Исплата на фиксна плата
    • Можност за напредување

    ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

    Доколку ги исполнувате барањата и сте заинтересирани за позицијата, аплицирајте со испраќање на Вашата професионална биографија (CV) на емаил: [email protected], најдоцна до 10.06.2020 година со назнака: „Пријава за вработување – Референт за премиско книговодство”.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично