ПОВЕЌЕ

    Се бара кандидат за директор во Филијала Тетово – оглас на Комерцијална банка

    Време зa читање: 3 минути

    Отворена е работната позиција директор на филијалата на Комерцијална банка во Тетово. Огласот е наменет за сите со лидерски способности и менаџерски вештини, кои сакаат предизвици и тимска работа.

    Вработувањето е на определено време, за период од 24 месеци. Работното време е 40 часа неделно. Заинтересираните можат да аплицираат до 11 февруари годинава.

    Во огласот, како работните цели и задачи се наведени:

    • Остварување на стратешките цели на Банката,
    • Развивање и унапредување на корпоративните вредности на Банката,
    • Спроведување периодични планови, одлуки, насоки и упатства на органите на управување,
    • Организирање на работата во Филијалата и во експозитурите во надлежност, како и непосредна контрола над работењето и преземање активности за континуирано унапредување на организацијата и условите за работа,
    • Управување со вработените во Филијалата и во експозитурите во надлежност (делегирање и координирање работни задачи, работна дисциплина, стручно усовршување, едукација, тренинг, мотивација, евалуација на перформансите исл.),
    • Развивање и унапредување на работната средина која овозможува професионален развој на вработените, максимална лична инволвираност и посветеност при извршување на работните задачи, колегијалност и тимски ангажман во постигнувањето на деловните цели на Филијалата.
    • Ефективна соработка со клиенти

    Од кандидатите се очекува да се со високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен, завршени додипломски или постдипломски студии на Економски факултет се сметаат за предност; работно искуство од најмалку 6 години, пожелно, но не е задолжително искуство од работење во банка во Р. Северна Македонија; познавање на прописите од областа на банкарството и/или финансиите; познавање на правилата за добро корпоративно управување; способност за непристрасно донесување одлуки; висок личен интегритет и одговорност кон работата; менаџерски и лидерски способности, флексибилност во размислувањето и прилагодливост кон промени; комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти и резултати, способност за тимска работа и професионално однесување; познавање англиски јазик и работа со компјутери.

    Како придобивки се посочени пријатната и тимска работна атмосфера во современи работни услови, можноста за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции, доброволното приватно здравствено осигурување.

    Пријавувањето на огласот е можно со пополнување на апликација, со достава на CV на [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за избор на Директор на Филијала Тетово”.

    За подетални информации кандидатите можат да се обратат на (02) 3168-461.

    На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, а изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, зависно од бројот на пријавите.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично