ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Министерство за финансии: Нето плата 37.631,00 денари

    Време зa читање: 2 минути
    OLYMPUS DIGITAL CAMERA

    Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на лице во Министерство за финансии.

    Се бара кандидат за Раководител на сектор за централно финансисрање и склучување на договори

    Општи услови

    • –   да е државјанин на Република Македонија,
    • –   активно да го користи македонскиот јазик,
    • –   да е полнолетен,
    • –   да има општа здравствена способност за работното место,
    • –   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

    Посебни услови

    • – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки, организациони науки и управување (менаџмент) или правни науки
    • – најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор

    Општи работни компетенции

    • – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
    • – учење и развој
    • – комуникација
    • – остварување резултати
    • – работење со други/тимска работа
    • – стратешка свест
    • – ориентираност кон странките/засегнати страни
    • – раководење и
    • – финансиско управување

    Посебни работни компетенции

    • – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
    • – потврда за положен испит за административно управување
    • – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

    Распоред на работно време

    • –   Работни денови понеделник – петок
    • –   Работни часови неделно 40
    • –   Работно време од 07:30 до 15:30
    • –   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

    Паричен нето износ на плата: 37.631,00 денари

    Краен рок на пријавување 24.11.2020 година

    НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Албанец(ка) 1.

    Повеќе информации ТУКА

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично