ПОВЕЌЕ

    ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Јорданов нов извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Војдан Јорданов беше актуелен претседател на управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје, позиција која ја држеше од основањето на друштвото. Претходно својата кариера ја гради во Друштвото за ревизија РСМ Македонија на позицијата Партнер одговорен за деловен развој, управител на единицата за ИТ услуги и претставник на друштвото во Деловниот акцелератор УКИМ. Инаку по професија е магистер на бизнис администрација на Школата за менаџмент во Ротердам, Холандија, а претходно има дипломирано на Економскиот факултет во Љубљана. Поседува лиценца за овластен ревизор и е член на Институтот на овластени ревизори.

    Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 175-та седница, одржана на 29-30.03.2021 година, го назначи г-дин Војдан Јорданов за извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, со мандат од четири години.

    Оваа одлука следеше откако Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 174-та седница, одржана на 19.02.2021-та година, го назначи г-дин Јорданов за извршен член на Одборот на директори. Одлуката влезе во сила на денот на донесувањето, а се применува од 01.04.2021-та година, односно од денот на дадената согласност од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување за г-дин Јорданов за вршење на функцијата член на орган на управување на Триглав Осигурување АД, Скопје.

    Г-дин Јорданов доаѓа од позицијата Претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје, a својата професионална кариера ја гради во областите ревизија, сметководство, финансии, управување со задолжителни и доброволни фондови и слично.

    Функцијата главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, и понатаму продолжува да ја врши г-дин Ѓорѓе Војновиќ, додека мандатот на г-дин Рок Пивк за функцијата извршен директор истече на 30.03.2021 година

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично