ПОВЕЌЕ

    Одржана Регионалната конференција „Регулирање на дигитализација на финансиските услуги“, 5-6 септември, Скопје

    Време зa читање: 2 минути
    Регионална конференција – „Регулирање на дигитализација на финансиските услуги – Да функционира за доброто на сите“

    Инситутциите за микрофинансирање во земјава, штедилниците Фулм и Можности, микрокредитната фондација Хоризонти и Македонската развојна фондација за претпријатија учествуваа на регионална конференција од земјите од Западен Балкан и Источна Европа што се одржа во период од 5-6 Септември во Скопје, под наслов „Регулирање на дигитализација на финансиските услуги – Да функционира за доброто на сите“, во организација на Сојузот на микрофинансиски организации, а како дел од Проектот за иновативност и вклученост во Микрофинансирањето во соработка и поддршка од УСАИД.

    На конференцијата учесниците разговараа за процесот на дигитализација во микрофинансирањето и предизвиците со кои би се соочиле регулаторите, супервизорските институции, како и за досегашниот пристап што го имале во однос на оваа тема, резултатите и стекнатите искуства, преку отворени дискусии каде ќе се пренесуваат искуства сé со цел подобрување на тековните решенија и градење на поволно законодавно опкружување за микрофинансирањето.

    На конференцијата учествуваа најрелевантните претставници и професионалци од небанкарските финансиски институции од областа на микрофинансирањето, регулаторните и супервизорските институции, и други водечки експерти од поширокиот регион.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично