ПОВЕЌЕ

    Одбележување на Светскиот ден на штедењето во Капитал банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути
    По повод одбележувањето на светскиот ден на штедењето 31 Октомври, Капитал Банка традиционално се посвети на финансиска едукација на младите со цел развивање на одговорни и добро едуцирани клиенти во иднина.

    Оваа година во просториите на банката присуствуваа средношколците од Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“, каде имаа можност преку практични примери да се информираат за штедните влогови, депозитните продукти на банката, процесот на штедење како и совети за поуспешно управување со сопствените финансиски средства.

    Споделивме факти и информации како настанало штедењето, кое е влијанието на банките во процесот на штедење, движењето на каматните стапки, од што зависи нивното движење и др.

    Се надеваме дека преку овие активности Капитал банка ќе ги поттикне своите постоечки и идни клиенти на добри навики за штедење, подобро управување со сопствените средства, а со тоа и овозможување на поквалитетен живот.

    Капитал банка во моментов нуди најатрактивни каматни стапки на депозити во денари и евра.

    Повеќе за понудата на депозитни продукти можете да погледнете на следниот линк: Депозит со месечна исплата на камата!

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично