ПОВЕЌЕ

    Од утре стартуваат извршителите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Поради коронавирусот, работата на извршителите низ земјава беше стопирана на 25 март со Уредба на Владата. Најпрво работата требаше да продолжи на 1. јули, меѓутоа тогаш имаше вонредна состојба, па почетокот се пролонгираше. Од утре извршителите продолжуваат со своите обврски.

    Извршителите до сега не добиле ниту едно известување од било која банка за пролонгирање на извршувањата, барем до крајот на септември до кога трае и одложувањето на ратите за кредитите. Се надеваат дека нема да има ниту ново пролонгирање, бидејќи бројот на предмети бил паднат за над 40 проценти во однос на лани, но имале и пад на приходите.

    Според проценките, околу 200.000 граѓани во земјава се на тапет на извршителите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично