ПОВЕЌЕ

    Од денес: Т2 на струјомерот – броилото врти по евтина тарифа

    Време зa читање: 2 минути

    Од денес евтина струја од 13 до 15 часот. Кога ознаката Т2 ќе се појави на екранот од струјомерот, броилото ќе врти по евтината дневна тарифа. Спротивно, Т1 ја означува скапата струја.

    Оваа можност засега ќе ја користат 170.000 домаќинства кои имаат струјомери со далечинско управување. Поголемиот дел од 650.000 струјомери рачно ќе се сетираат од страна на екипите на ЕВН, па евтината струја кај нив ќе се врати некаде до крајот на месецот.

    Со ова, во текот на едно деноноќие евтината тарифа е застапена во текот на 11 часа, од понеделник до сабота, а во недела 24 часа.

    Враќањето на евтината дневна тарифа е резултат на зголеменото производството на електрична енергија.

    Сепак, колкава ќе бид цената по први јануари? Пресметките ќе ги прави ЕВН Хоум, а Регулаторната комисија за енергетика ќе може да интервенира и да бара корекции. Универзалнот снабдувач на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2024 доби само една понуда – од АД ЕСМ со цена од 57 евра за мегаватчас, за покривање на 95% од вкупно планираните количини. Понудата е за околу 7,5 насто повисока од претходната. Освен тоа, за покривање на остатокот од пет проценти од вкупно планираните количини, ЕВН Хоме доби најповолна понуда од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 120,01 евра за мегаватчас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично