ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на Стопанска банка а.д, Битола за претстојниот период?

    Време зa читање: 2 минути

    Успешното справување со наметнатите предизвици, како и брзата реакција и респонзивноста на кратките рокови за приспособување на активностите во работењето за да се остане на стратешката патека на долг рок, придонесоа кон остварувањето позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2020 – 31.12.2020 година, односно нето-добивка во износ од 81,45 милиони денари, што е значително подобрување во однос на минатогодишниот резултат.

    Какви се очекувањата на менаџментот на Банката за периодот што следи?

    Во периодот што следува се очекуваат првите знаци на економско закрепнување. Стопанска Банка а.д. Битола и понатаму будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамикaта на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

    Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица што беа најпогодени од кризата со ковид-19. Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува континуираниот развој и усовршување на информативната технологија, како и примена на нови Business Intelligence решенија, дигитализација на продуктите и сервисите на Банката преку развој на дигитални платформи за привлекување и комуникација со клиентите, што е во согласност со стратешките цели на Банката.

    На таков начин банката планира да го таргетира сегментот од населени кои поинтензивно ги користи услугите на дигиталното
    банкарство преку мобилните и останатите електронски уреди, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимално физичко присуство на клиентите во банките. Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат навремени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а заради одржување на квалитетот на кредитното портфолио. Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели на Банката.

    Прочитај и: Стопанска Банка а.д. Битола оствари добивка над 1,3 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично