ПОВЕЌЕ

    Новиот јапонски амбасадор во Македонија Казуја Оцука денес разговараше со Ковачевски за економската соработка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Соработката со Јапонија бележи тренд на унапредување, особено на полето на економијата, при што има и можности за презентација на домашните економски потенцијали пред јапонски инвеститори. На оваа тема разговарал премиерот Димитар Ковачевски со новиот амбасадор на Јапонија, Казуја Оцука.

    Јапонија е една од нашите најголеми билатерални донатори, со поддршка од над 430 милиони долари. Според премиерот, мошне важна е јапонската иницијатива за соработка со Западен Балкан, со што дополнително придонесува во продлабочувањето на соработката меѓу двете земји.

    На средбата била изразена подготвеност за споделување на јапонските искуства во поглед на унапредување на отпорноста и подготвеноста за земјотреси. Притоа, пројавен е интерес за заедничко одбележување на 26 јули, односно на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и на четврти септември, кога ќе се навршат 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге, кој има значаен придонес во обновата на градот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично