Германската авиокомпанија „Луфтханза“ објави дека работела со оперативна загуба од 1,26 милијарди евра во третиот квартал поради масовното откажување на летовите поради пандемијата и трошоците за обезбедување надоместок на патниците.
Луфтханза додава дека имале профит од 1,3 милијарди евра во истиот период минатата година.
Сепак, компанијата успеа да воспостави некои летови во третиот квартал од оваа година и ги намали оперативните трошоци, па загубата е помала отколку во вториот квартал, кога изнесуваше 1,7 милијарди евра.
Оперативната загуба во првите девет месеци од оваа година достигна 4,2 милијарди евра, наспроти оперативната добивка од 1,72 милијарди евра во истиот период во 2019 година, се наведува во соопштението, кое го пренесе Хина.
„Побарувачката за авионски патувања се очекува да остане слаба во наредните зимски месеци поради глобалното ширење на пандемијата и поврзаните ограничувања на патувањето“, рече Луфтханза.
Германската компанија сепак тврди дека ќе можат да се справат со понатамошните проблеми поврзани со пандемијата.