ПОВЕЌЕ

    Европскиот регулатор со нови објави за случајот со Wirecard

    Време зa читање: 2 минути

    Германскиот регулаторен надзор на пропаднатата компанија за дигитално плаќање Wirecard беше дефицитарен и беше изложен на ризик од прекумерно влијание на Министерството за финансии, објави во вторникот европската регулаторна агенција ЕСМА.

    За само неколку години, Wirecard прерасна од маргинална компанија за дигитално плаќање, чии клиенти беа веб-страници за коцкање и порнографија, до миленикот на финансиските кругови, а неговиот успех го круниса со котирање на германската берза DAX.

    Бајковитата успешна приказна пукна како меур од сапуница откако ревизорот Ернст и Јанг ова лето објави дека не може да најде потврда за депозити во вредност од околу две милијарди евра.

    Компанијата прогласи банкрот и поранешниот извршен директор Маркус Браун и други лидери беа уапсени под сомнение за нелегално деловно работење и измама во вкупна вредност од 3,2 милијарди евра, најголема во повоената историја на Германија.

    Обвинетите, вклучително и Браун, негираат какво било кршење на законот.

    Случајот го покрена прашањето за одговорноста на германските регулатори за финансии и сметководство, а ЕСМА започна итна ревизија во јули за да утврди дали тие се во согласност со европските регулативи.

    Резултатот е извештај на 190 страници и заклучок за голем број недостатоци, неефикасности и правни и процедурални пречки за независност на германскиот регулатор за издавачи на хартии од вредност и Министерството за финансии.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично