ПОВЕЌЕ

    Нов Зеланд официјално излезе од рецесија

    Време зa читање: 2 минути

    Нов Зеланд официјално излезе од рецесија поврзана со пандемијата откако забележа рекорден раст од дури 14 проценти во третиот квартал, според официјалните податоци објавени во четвртокот.

    Нов Зеланд забележа пад од 11 проценти на бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал, за време на кој тој главно беше во блокада.

    Министерот за финансии Грант Робертсон рече дека драматичниот пресврт се должи на успехот на Нов Зеланд во борбата против коронавирусот, кој бележи само 25 смртни случаи во земја со пет милиони жители.

    „Економското закрепнување е резултат на нашата одлука да дејствуваме силно и брзо за време на пандемијата”, изјави тој. 

    Планот за субвенционирање на платите им помогна на над 1,8 милиони работници и инвестираше милијарди долари во инфраструктура, обука и создавање нови работни места“, рече министерот Робертсон.

    Според Институтот за статистика на Нов Зеланд, услужните индустрии биле движечката сила зад овој силен раст, со 42,8% зголемување на малопродажбата, сместувањето и услугите за храна, бидејќи жителите на Нов Зеланд се вратија во речиси нормален живот по успешната апстиненција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично