ПОВЕЌЕ

    Нов рекорд за видео-игра, Супер Марио продаден за 1,56 милиони долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Тоа е првата игра некогаш продадена на аукција за повеќе од еден милион долари“, изјави за агенцијата „АФП“, Ерик Бредли, портпарол на аукциската куќа со седиште во Далас.

    Играта „Супер Марио“ за конзолата „Нинтендо 64“ е продадена на аукција за 1.56 милиони долари, што е нов рекорд за видео-игра, објави американската аукциска куќа „Херитиџ Окшнс“, пренесува „Данас“.

    „Херитиџ“ веќе го постигна првиот рекорд во петокот со продажба на играта за поранешната конзола „Нинтендо НЕС“, „Легендата на Зелда“ која беше продадена за 870.000 долари.

    Играта „Супер Марио 64“ е од 1996 година на која за прв пат се користи 3Д.

    Интересот на колекционерите за класичните игри постојано расте во последните неколку години. Во април, видео-играта „Супер Марио Брос“ за „Нинтендо НЕС“ од 1986 година е продадена за 660.000 американски долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично