ПОВЕЌЕ

    Нов модел: Бентли за 550 долари

    Време зa читање: 2 минути

    Британската фабрика за автомобили Бентли е позната по луксузни и скапи автомобили, а еден од нивните најнови модели чини само 550 американски долари.

    Меѓутоа, во овој случај станува збор за возило со три тркала, односно количка за бебиња лансирана под името „Бентли Трајк“, што производителот го опишува како комбинација на „елеганција, функционалност и високо прилагодлив дизајн“, пишува порталот Мотор1.

    Количката е достапна во бои од палетата Бентли и е наменета за деца стари најмалку една година.

    Седиштето може да се сврти за 180 степени со едноставно притискање на копче, а како што расте детето, потпирачите за нозе може да се прилагодат и конечно целосно да се отстранат за да му се овозможи на детето пристап до педалите, така што количката има функција и на велосипед.

    Исто така е можно да се отстрани потпирачот за грб, преклопен заштитен капак, рачка за притискање и безбедносни ремени.

    Во зависност од возраста на детето, „Бентли Трајк“ може да се трансформира во шест различни форми. Тој е опремен со 12 безбедносни карактеристики, што го прави „убедливо најсофистициран трицикл на пазарот“, пренесува „Пословни дневник“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично