ПОВЕЌЕ

    Нов блок со акции на „Македонијатурист“ вреден 138 илјади евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Блок-трансакција на крајот од работната недела со акции на „Македонијатурист“. По единечна цена од 10.600 денари купени се 800 хартии од вредност издадени од таа компанија. За нив се платени вкупно 8.480.000 денари, односно околу 138 илјади евра.

    Со акцијата е тргувано и на официјалниот пазар. При што постигнатата просечна вредност за акција е исто така 10.600 денари. Промена на дневна основа, нема. Дневниот промет е во износ од 2.469.800 денари (над 40 илјади евра), направен со истргуваните 233 акции.

    И претходниот ден во берзанската статистика беше заведена една блок-трансакција, прва по затишјето од дваесеттина дена, со исход – продадени 450 акции за 77 илјади евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично