ПОВЕЌЕ

    6 работи кои не треба да ги правите кога започнувате нов бизнис

    Време зa читање: 4 минути

    Кога станува збор за започнување на нов бизнис, потребно е да се знае, што не треба да се прави, во иста голема мера, колку што е потребно да се знае што треба да се прави. Бенџамин Френклин рекол, “вашето богатство зависи од тоа што ќе остане кога лошите навики се одземени од добрите.”

    Еве неколку правила за тоа што не треба да правите кога започнувате свој бизнис:

    1. Не очекувајте да имате повеќе време и дека ќе работите помалку. Во првата етапа од развојот на вашиот бизнис, бидете подготвени да работите во нестабилна и несигурна бизнис клима. Мислејки дека ќе имате поголема контрола врз вашето време во првата фаза на бизнисот е исто како да се одлучите да имате дете, очекувајки дека ќе имате повеќе време за вашите лични интереси. Само тие кои започнале свој бизнис, знаат колку навистина време е потребно за еден бизнис да стане профитабилен.
    2. Не бирајте погрешен бизнис. Секако дека целта поради која почнувате бизнис е да ја зголемите вашата финансиска контрола. Но доколку парите се вашата единствена причина и цел, големи се шансите да бидете неуспешни во тоа што ќе го работите. Најголемите имиња во светот на бизнисот се бизнисмени кои сакале да решат одреден проблем, да создадат нешто значајно, да се изразат себеси подобро, да помогнат на други луѓе, да создадат вредност.
    3. Не влегувајте во погрешно партнерство. Многу е лесно да бидеме “заведени” од слаткоречиви индивидуии, кои делуваат како одлични потенцијални бизнис партнери. Тоа се луѓе кои размислуваат како нас, или можеби мислиме, дека размислуваат како нас, но после одредени склучени договори, се покажуваат како погрешни одлуки. Не ја донесувајте таа одлука лесно. Долгорочно бизнис партнерство се поистоветува со вашиот брачен другар. Бидете свесни дека многу денови, активно ќе поминувате повеќе часови со нив, отколку со вашиот сопружник или вашите деца.
    4. Не се трудете да создадете “совршен” бизнис план. Голем број на претприемачи се премногу фокусирани на нивните претпоставки за тоа како ќе се постават финансиските динамики; за тоа како ќе изгледа политичка сцена, берзата, банкарските услови, преференциите на купувачите, и слично. Во практика, мнозинствотото од овие фактори ќе биде различен од нашите предвидувања. Најдоброто нешто што можете да го направите е, да планирате малку и да превземете голема акција. Оставете вистинските фактори да ве водат и правете корекции врз основа на емпириски податоци кои ќе ги добиете откако ќе почнете да го развивате вашиот бизнис. Не чекајте. Почнете и адаптирајте се.
    1. Не трошете непотребни пари. Секој од нас е “експерт” кога станува збор за трошење на финанскиски средства. Неискусните претпримачи мислат дека имаат потреба од скапо лого, софистицирана веб страна, бизнис консултант, експерт кој ќе биде задолжен за односи со јавноста, професионален дизајн, маркетинг агенција која ќе води промоција на сите социјални платформи, и слично. Мал број на претприемнички почетници се обучени како вешто да ги штедат финансиките средства, без импулсивно да ги наменуваат за непотребни цели кои во суштина не ја зголемуваат вредноста на бизнисот.
    2. Не пробувајте сами. Да почнете бизнис од нула значи инвестирање на многу повеќе време и труд, отколку работење за друг. Создавање на организација која ќе има позитивно влијание врз околината и ќе дава вредност на локалните групи, бара колективен труд од повеќе луѓе. За да добиете паричен фонд или било каква финансиска инвестиција во развиените држави, едно од првите прашања кои многу инститиуции ќе ве прашаат е: кој е вашиот партнер?

    Статистички, два или три партнера имаат секогаш повеќе шанси да успеат, отколку сам претприемач, кој сака да воспостави целосна контрола од самиот почеток. И секако, помошта од другите луѓе не треба да биде изразена само во партнери, туку и волонтери, практиканти или било каква бизнис група со која ќе бидете поврзани на одредени време за да црпите инспирација, совети и практични методи за решавање на неизбежните проблеми, со кои ќе соочите во текот на работата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично