ПОВЕЌЕ

    1,09 трилиони долари за идните генерации: Норвешкиот државен фонд е трипати поголем од годишниот БДП

    Време зa читање: < 1 минутa

    Осло – Вчера, Норвешкиот државен фонд достигна рекордни 10 милијарди круни, или 1,09 трилиони долари по зголемувањето на глобалните акции и зајакнувањето на еврото и доларот.

    Фондот ја достигна рекордната вредност во време кога администрацијата размислува за промена на стратегијата, вклучително и борбата против климатските промени и  предложените големи инвестиции во САД.

    Фондот е формиран во 1996 година за да заштеди приходи од енергенсите за идните генерации, и порасна скоро три пати повеќе од годишниот бруто-домашен производ на Норвешка.

    Според најновите бројки на порталот на Фондот, очигледно е дека глобалната вредност на пензискиот фонд е 10 милијарди норвешки круни или повеќе од 200.000 долари за секој маж, жена и дете во Норвешка.

    Извор: Capital.ba

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично