ПОВЕЌЕ

    Норвешка за прв пат во историјата ќе продава средства од државниот фонд, кој се смета за најголем во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Норвешка за прв пат во историјата ќе продава средства од државниот фонд, кој се смета за најголем во светот, пренесува „Bloomberg“. Вкупната вредност на фондот надминува еден трилион долари.

    Буџетскиот дефицит оваа година ќе достигне 20 милијарди долари, доколку не се земе предвид олеснувањето за нафтените производители (повеќе од 5,8 милијарди долари). Продажба на средства во случај на дефицит е предвидена во правилата и статутот на фондот.

    Суверениот фонд за богатство како што е познат норвешкиот државен фонд е основан во 1990 година и вклучува нафтен суперпрофит. Во моментов, фондот поседува 1,5 проценти од акциите на сите регистрирани компании во светот, а просечниот приход на фондот е 6,1% годишно.

    Врз норвешката економија крајно негативно влијаеше појавата на коронавирусот, како и од падот на цените на нафтата на светските пазари, кој е главен извозен производ на земјата. Норвешката централна банка, која управува со државниот фонд, на 7-ми мај ја намали основната каматна стапка на нула.

    За потсетување, во април цената на ВТИ нафтата падна на негативни вредности.

    На почетокот на март, цените на нафтата потонаа поради значителниот пад на побарувачката ширум светот, како резултат на пандемијата на коронавирусот, како и по неуспехот на договорот за ОПЕК Плус, бидејќи неговите учесници не можеа да се договорат за продолжување на договорот за намалување на производството. Како резултат на тоа, цените на нафтата и нафтените деривати драстично се намалија за повеќе од половина од вредноста која ја достигнаа на почетокот на годината и ги срушија рекордите од пред 18 години за историски најниско ниво.

    Котациите беа обновени пред новата средба на земјите од ОПЕК плус. Земјите-членки на оваа организација се согласија преку видео конференција на 12-ти април да го намалат производството за 9,7 милиони барели на ден. Новиот договор стапи на сила на 1 мај.

    Сепак, според аналитичарите во Меѓународната агенција за енергетика, договорот ОПЕК Плус не може да го компензира падот на светската побарувачка, но може да доведе до почеток на намалувањето на залихите во втората половина од годината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично