ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка прокнижи помала добивка за 4 милиони евра

    Време зa читање: 4 минути

    Во периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2020-та година, притоа од Март 2020 прилагодувајќи го тековното работење на ново настанатата ситуација со пандемијата КОВИД-19, се со цел да се зачува високата ликвидност и солвентност, паралелно со непрекинато давање на услуги и финансиска поддршка на клиентите.

    Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 705.377 илјади МКД, што претставува намалување за 26,8% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година.

    Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати во изминатата година, во првата половина од 2020-та беа наградени од:

    – Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2019 каде НЛБ Банка АД Скопје, четврта година по ред, e избрана за Најдобра банка во  Македонија.

    Заклучно со 30.06.2020 година билансната сума изнесува 92.309.140 илјади МКД, односно се зголеми за 4.132.193 илјади МКД или 4,7% во однос на 31.12.2019 година.

    Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 16.617.200 илјади МКД и бележат намалување од 9,5% во однос на 31.12.2019 заради намалено вложување во благајнички записи и намалена состојба на краткорочни депозити во банки.

    Кредитите и побарувањата од банки бележат зголемување од 92.503 илјади МКД во однос на 31.12.2019 или 21,8%.

    Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 56.575.203 илјади МКД и бележат зголемување од 3,4% во однос на 31.12.2019.

    Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 14.767.819 илјади МКД и се зголемени за 35,3% во однос на 31.12.2019 како резултат на вложувања во еврообврзници.

    Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на претходната година се намалени за 8,4%.

    Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 76.089.390 илјади МКД и во однос на 31.12.2019 година се зголемени за 3.753.323 илјади МКД или за 5,2%.

    Обврски по кредити се намалени за 150.037 илјади МКД или за 23,3%.

    Субординираните обврски се зголемени за 0,4% во однос на 31.12.2019 година.

    Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени и изнесуваат 12.229.202 илјади МКД.

    Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2020 година се пониски за 1,5% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,1%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 18,5% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.

    Нето приходите од провизии се пониски за 3,8% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се намалени за 2,1% како резултат превземените мерки на Банката за олеснување на последиците од КОВИД -19 пандемијата како што се укинување на надоместоците за електронско банкарство и ПОС терминали, како и пад кај приходите во доменот на картично работење поради намалената активност на клиентите во услови на криза.

    Расходите за провизии се повисоки за 1,1%, главно поради повисоки расходи поврзани со картично работење.

    Останатите некаматни приходи изнесуваат 219.090 илјади МКД и се повисоки за 74,1% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население.

    Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.186.857 илјади МКД и се повисоки за 2,4% во однос на истиот период претходната година.

    Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 933.070 илјади МКД и се намалени за 1,7% при што трошоците за вработени се повисоки за 2,1%, трошоците за амортизација се повисоки за 4,9%, останатите расходи од дејност се пониски за 6,8% во однос на истиот период претходната година.

    Заклучно со 30.6.2020, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 453.812 илјади МКД соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 16.223 илјади МКД.

    Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2020 година изнесува 705.377 илјади МКД и е намалена за 26,8% во однос на истиот период претходна година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично